Четворица на масата, по тринаесет карти, и тука губиш кога земаш: секое срце е еден поен, а дамата пик тринаесет. Пред да играш, предаваш три карти на сосед (лево, десно, спроти, па никому). Двојката треф отвора; следиш боја, а ако не можеш, фрлаш што сакаш; највисоката карта од бојата што се отвори го зема штихот. Нема поени во првиот штих, а со срце не може да се отвори додека не падне едно. Тој што ќе ги земе сите 26 поени „ја гаѓа месечината“ и им ги дава на другите. На педесет поени е крај: победува тој со најмалку поени.
Mini Games GO